Search

Во Шпанија откриени над 1,4 тони кокаин и уапсени 14 лица

Во заедничка операција на Европол со Централната единица за наркотици и Централната единица против перење пари на регионалната каталонска полиција уапсени се 14 членови на меѓународна криминална организација која шверцувала кокаин и перела пари.

Како што соопшти Европол, осуммина од членовите на криминалната група веќе се во затвор.

Истрагата почнала во декември 2018 година, кога во компанија во близина на Барселона пронајдени се 1.413 килограми кокаин. Дрогата била скриена во 800 кутии со А4 хартија, што пристигнала од Бразил.

Кокаинот бил случајно откриен откако на вработен во компанијата му паднала една кутија со хартија.

Две лица се уапсени во Шпанија, а истрагата открила дека 10 луѓе се вмешани во шверцот на кокаин од Бразил.

Групата парите од кокаинот ги перела преку инвестициски компании за недвижен имот и бутици во Барселона.

За перење на парите биле користени и луѓе кои периодично вршеле уплати на помали износи во неколку банкарски филијали.

Регионалната каталонска полиција на 4 февруари извршила претрес во 13 куќи и компании при што се запленети пари, мобилни телефони, оружје, три автомобили, два мотори и неколку објекти, а уништени се две плантажи со марихуана.

Треба да знаете
Последни објави