Search

Во Швајцарија уапсен Германец поради лажна бомба

Швајцарската полиција уапси Германец кој се сомничи дека е поврзан со торбата во која е најдена лажна бомба близу местото на одржување на техно-музички фестивал во Цирих минатата сабота.

Триесет и едногодишниот маж, кој живее во Швајцарија, најверојатно е сопственик на спорниот ранец, пренесува АП.

Осомничениот, чие име не е објавено, беше уапсен во неделата во неговиот дом во близина на кантонот Аргау.

Швајцарецот (35), кој првично беше уапсен, е ослободен од притвор.

Полицијата испитува каков мотив би имал осомничениот да направи лажна бомба и да ја остави во торба близу рутата на уличната парада, но тие велат дека не е пронајдена никаква идеолошка заднина за таквата постапка.

Треба да знаете
Последни објави