Search

Во четири скопски општини има по над 100 заразени лица со коронавирус

Во моментов четири скопски општини имаат над 100 активни случаи на заразени со коронавирус. Најмногу заразени има во Чаир (152), Аеродром (132), Карпош (108) и Гази Баба (103). Зад нив се Центар и Кисела Вода со 98 и 96 активни случаи. Во Шуто Оризари коронавирус имаат 81 лице, во Ѓорче Петров заразени се 73 лица, во Бутел 65, а во Сарај 44. Студеничани има 35 активно заразени лица, Арачиново – 19, Илинден – 17, Сопиште – 10, Петровец – 8, Чучер Сандево – 8, Зелениково- 5. Три лица се водат како странци. Инаку, од денешните 139 новозаразени, 30 лица се од главниот град. Во моментов, Скопје има 1.057 активно заразени лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.217, бројката на оздравени пациенти е 8.487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи на целата територија изнесува 3.200 лица.

Треба да знаете
Последни објави