Search

Во чест на јубилеен 40-ти роденден на Тоше – ќе има Света миса во Загреб

Да беше жив македонската музичка легенда Тодор Тоше Проески оваа година, во понеделник на 25 јанури ќе го славеше својот јубилеен 40-ти роденден. Наместо радост, тага во срцата на секој од нас.
40-те години на нашиот никогаш непрежален ангел, еден ден пред тоа, во недела на 24 јануари, ќе се оддбележи со Светата миса во капелата “Кај Паркот на Роко“ во Загреб. Мисата започнува во 10:00 часот.

Поради коронавирусот ќе бидат запазени сите здравствени мерки бидејќи се очекува присуство на голем број фанови на македонската музичка ѕвезда.
Пејачот остави зад себе исклучително богата музичка ризница во која, кога ќе ѕирнеме денес, сфаќаме колку бил талентиран, пишува во објавата на познатата дискографска куќа “Хит Рекордс“ од Хрватска, по повод роденденот на легендарниот Тодор.

– Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене, беа зборовите на Тоше. А, Македонија се гордее со својот славеј и со неговите песни кои и понатаму со голема љубов и многу емоции се слушаат низ целата поранешна Југославија.

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави