Search

Во чест на Буш знамето на претседателската резиденција во Тирана на половина копје

Во знак на почит за поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш Постариот, албанското знаме на претседателската резидеција во Тирана денеска е спуштено на половина копје.

– Во чест и признане за скапоцената работа на претседателот на САД, Џорџ Буш, за првите демократски промени во Албанија и за неговиот непоколеблив став за правата и слободите на Албанците, особено во Косово и во знак на длабоко почитување на неговата борба за слобода и за уривањето на Берлинскиот ѕид, националното знаме во резиденцијата на претседателот денеска е спуштено на половина копје, објави на Фејсбук албанскиот претседател Илир Мета.

Џорџ Буш Постариот, кој беше 43-ти претседател на САД во периодот од 1989 до 1993 година, почина на 30 ноември на 94-годишна возраст.

По повод неговата смрт денешниот ден е прогласен за ден на жалост во САД и во Косово.

Треба да знаете
Последни објави