Search

Во Црна Гора 30 нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Црна Гора се регистрирани 30 нови случаи на коронавирус, а две лица починале, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Повеќето нови случаи, 15, се од Подгорица, по што следат Бијело Поље со шест случаи, Бар и Улцињ со по три, Цетиње со два и Будва со еден случај.

Од почетокот на епидемијата, во Црна Гора се потврдени 3.618 случаи, а 64 пациенти починале. Во моментов активни се 1.102 случаи.

Треба да знаете
Последни објави