Search

Во Црна Гора 132 новозаболени и седум починати пациенти од коронавирусот

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 132 новозаболени лица и седум починати пациенти. Според Институтот за јавно здравје, анализирани се 777 примероци од новиот коронавирус.

Најмногу заразени има во Подгорица 55.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со коронавирус од почетокот на јуни е 238, а од почетокот на годината 247. Други 293 пациенти пријавиле закрепнување.

Вкупниот број на моментално активни е 4.064.

Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на нова инфекција со коронавирус е 15.892.

Треба да знаете
Последни објави