Search

Во Црна Гора уште три жртви од коронавирус

Три лица починаа во Црна Гора во последните 24 часа како резултат на коронавирусот, соопшти тамошниот Институт за јавно здравје.

Откриени се и 52 новозаразени лица, додека 37 пациенти се опоравиле од Ковид-19.

Повеќето новозаразени, односни 21 лице, се од Подгорица.

Вкупниот број на смртни случаи во Црна Гора поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни изнесува 62, а од почетокот на годината 71.

Во моментов, активни се 1.119 случаи, додека од почетокот на годинава се регистрирани 3.748 случаи на инфекција со вирусoт.

Треба да знаете
Последни објави