Search

Во Црна Гора секој трет тест е позитивен

Речиси секој трет тест на коронавирус што го спровеле црногорските власти во изминатите 24 часа е позитивен – откриени се нови 208 случаи од вкупно 658 тестирања, соопшти Институтот за јавно здравје во Подгорица.

Во изминатите 24 часа регистрирани се и четири смртни случаи., па бројот на починати од почетокот на пандемијата изнесува 124, а од почетокот на годинава 133 лица.

Треба да знаете
Последни објави