Search

Во Црна Гора одреден притвор за лице кое објавило список на болни од Ковид-19

Едно лице осомничено дека споделило список на болни преку Вибер е задржано во притвор 72 часа, јавија локалните медиуми. М.Р. е осомничен дека како службено лице задолжено за податоци за болни од Ковид-19 го испратил списокот со податоци преку Вибер на други лица.

Во меѓувреме основен суд во Белград осуди на 19 месеци домашен затвор лице кое ги прекршило мерките за самоизолација.

Осудениот на 14 март влегол во Србија, а во понеделникот бил уапсен откако бил во аптека иако не смеел да излегува од дома.

Треба да знаете
Последни објави