Search

Во Центар за една недела санкционирани 147 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 147 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 06.07. до 12.07.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 54 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 93 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

 

 

Треба да знаете
Последни објави