Search

Во Центар за една недела санкционирани 261 возач поради непрописно паркирање

Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) во соработка со сообраќајната полиција минатата недела санкционирале 261 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од нив, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети биле 173 непрописно паркирани возила, а со блокатор санкционирани биле 88 возила затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти за секторот во којшто биле паркирани.

Општина Центар информира дека континуирано ќе спроведува мерки со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на територијата на општината.

Треба да знаете
Последни објави