Search

Во Хрватска 69 нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа се евидентирани 69 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што бројот на активни случаи е 897, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

До денеска тестирани се вкупно 85.997 лица, од кои 587 во последните 24 часа. Меѓу заболените 90 пациенти се во болница, од кои петмина се на респиратор. Нема смртни случаи, се вели во соопштението.

Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 3.220 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 113 починале, а 2.210 се опоравиле.Во моментов има 4850 лица во самоизолација.

Треба да знаете
Последни објави