Search

Во Хрватска 197 новозаразени, починаа четири лица

Во последните 24 часа во Хрватска, регистрирани се нови 197 случаи на зараза со коронавирус, со што бројот на активни случаи изнесува 2.138 лица. Меѓу нив, 281 пациент е во болница, а 21 се приклучени на апарати за дишење. Во изминатото деноноќие починаа уште четири лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај во Хрватска, вкупно 14.922 лица се заразиле со коронавирус, од кои 248 починаа. Оздравеа 12.536 лица.

Во моментов, во земјата има 9.714 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 258.864 лица, од кои 4.384 во последните 24 часа.

Треба да знаете
Последни објави