Search

Во Хрватска потврдени два нови случаи за 24 часа

Бројот на нови случаи во Република Хрватска во изминатите 24 часа е два, што значи дека вкупниот број на заболени е 2.224, се вели во соопштението од Националниот штаб за цивилна заштита.

Новите пациенти се од Загреб и округот Карловац.

Досега се тестирани 52.425 лица, од кои 857 во последните 24 часа.

Хоспитализирани се 137 лица, од кои девет пациенти се на респиратор. Излекувани се 1.913 заболени, што е 44 повеќе од вчера.

Од нив, 722 биле на лекување во болница, а 1.162 лица се излечиле дома.

Од коронавирус во Хрватска починаа 95 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави