Search

Во Хрватска повторно повеќе од 1000 новозаболени, се воведуваат нови мерки

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 1.096 нови случаи на заразени со коронавирус.

Во моментов во земјата се активни 4.844 случаи на инфекција, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Од нив 530 се на болничко лекување, а 28 се на апарати за дишење.

Уште 10 лица починаа, пренесува „Индекс.хр“. Од почетокот на епидемијата во Хрватска, потврдени се вкупно 24.761 случаи на заболени со корона, а вкупно починале 355 лица.

Во моментов во Хрватска има 20.389 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 392.052 лица, од кои 6.980 во последните 24 часа.

Да потсетиме, вчера во земјава се пријавени рекордни 1.131 случаи на инфекција.

Денес во Загреб се забележани рекордни 387 новоинфицирани лица. Во моментов, има 1.399 активни случаи на инфекција со коронавирус во градот Загреб, а 6.233 лица се во самоизолација

На предлог на Штабот за цивилна заштита на градот Загреб, од денес се воведени неопходните епидемиолошки мерки во траење од 14 дена.

Треба да знаете
Последни објави