Search

Во Хрватска отворена телефонска линија за кинески туристи, ќе се јавуваат полицајци од Кина

Дирекцијата на хрватската полиција денеска објави дека е отворена посебна телефонска линија за кинеските туристи.

Имено, станува збор за проектот „Безбедна туристичка сезона”, во рамките на кој е воспоставена специјална телефонска линија за потребите на кинеските туристи.

Од Дирекцијата известуваат дека на повиците на кинеските туристи ќе одговорат кинески полициски службеници кои учествуваат во проектот.

Треба да знаете
Последни објави