Search

Во Хрватска најголем дневен пораст на заразени со Ковид-19

Во Хрватска во последните 24 часа се потврдени 96 нови случаи на зараза со коронавирус, а двајца пациенти починале, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Тоа е досега најголем број на заболени во еден ден, односно како и на 1 април, кога, исто така, биле регистрирани 96 случаи.

Од почетокот на епидемијата, коронавирусот е потврден кај вкупно 3.008 лица, а досега се оздравени 2.168. Вкупниот број на смртни случаи во земјата изнесува 112 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави