Search

Во Хрватска бројот на заразени од коронавирусот достигна 481 лице

Со новите 39 потврдени позитивни тестови на коронавирусот во Хрватска, број на заразени изнесува 481 лице соопштија здравствените власти во земјата на утринскиот прес. Две лица од новозаразените се припадници на полициските служби.

На респираторни машини се приклучени 14 пациенти, а оздравени се 22 лица и пуштени се од болница.

Просекот возраста кај заразените од коронавирусот во Хрватска изнесува 49 години.

 

Треба да знаете
Последни објави