Search

Во Хонгконг откриена лабораторија за експлозив непосредно пред најавените масовни протести

Полицијата во Хонгконг, денеска, во пресрет на новите протести против владата пронашла тајна лабораторија за изработка на експлозиви, во која имало и пропаганден материјал со повици за независност на Хонгконг од Кина, пренесуваат светските агенции.

Во полициската акција уапсен е 27-годишен маж, за кој се смета дека е поврзан со случајот, но исто така можна е и поврзаност со протестите најавени за в недела.

Покрај оружје и летоци, во полициската акција била пронајдена и облека со натпис „Национален фронт на Хонгконг“, што е група која се залага за независност од централните власти во Пекинг. Групата потврди дека уапсениот 27-годишник е нејзин член, но негираше какви било сознанија за постоење на експлозив.

И додека во недела на антивладините протести се очекуваат десетици илјади луѓе, а полицијата повикува на смиреност, денес на собирот „Го штитиме Хонгконг“ се собраа десетици илјади луѓе, кои пак се на другата страна, и ја подджуваат полицијата да стави крај на повеќенеделните насилства.

Масовните и неретко насилни антивладини протести во Хонгконг избувнаа откако владата сакаше да донесе закон според кој жителите на Хонгконг може да бидат екстрадирани на судење во Кина, што предизвика голема вознемиреност и загриженост во оваа поранешна британска колонија.

Иако лидерката на Хонгконг, Кери Лам, пред десет дена објави дека најавениот закон за екстрадиција е „мртов“ и призна дека работата на владата на тој закон е комплетен неуспех, целиот случај предизвика голема политичка криза.

Треба да знаете
Последни објави