Search

Во Холандија уапсен поранешен командант на сирискиот Фронт ал Нусра

Холандската полиција денеска соопшти дека уапсила 47-годишен Сириец, кој е осомничен за извршени воени злосторства во Сирија додека бил командант на исламистичката група Фронт ал Нусра.

Уапсениот Сириец од 2014 година живее во Холандија со одобрен привремен азилантски статус.

Тој бил уапсен во градот Капеле во јужна Холандија врз основа на дојава на германската полиција, а се очекува да биде изведен пред суд в петок.

При претресот на неговиот дом, полицијата запленила компјутер, мобилен телефон и документи.

Паралелно со апсењето на Сириецот во Холандија, германската полиција во неколку градови во Германија извршила претрес на домовите на шест лица за кои се претпоставува дека и припаѓале на единицата на Фронтот ал Нусра со која тој командувал.

Треба да знаете
Последни објави