Search

Во Холандија стапи во сила забраната за носење бурка

Според законот што стапи во сила во Холандија, забрането е да се носи облека што го прекрива лицето, како што се бурки и никаб, и тоа во јавниот сообраќај, владините згради, здравствените и образовните институции.

Холандија, која долго се смета за бастион на толеранцијата и верските слободи, е последна во низата европски земји што воведоа таква забрана, пренесе АП.

Според неа, тоа го направиле Франција, Германија, Белгија, Австрија и Данска.

Муслиманските групи за човекови права се спротивставија на законот чие официјално име е делумна забрана за облека што го прикрива лицето.

Исламската политичка партија од Ротердам најави дека ќе плати казна од 150 евра за секој што ќе биде фатен дека го прекршил законот.

Треба да знаете
Последни објави