Search

Во Франција се заоструваат мерките против излегувањето од дома

Француските власти ги заоструваат мерките за самоизолација, па така, изречени се и првите мерки на притвор поради „загрозување на животот на другите”, јави дописникот на МИА.

Лицата кои веќе се казнети за непочитување на правилата на самоизолација се ставени во полициски притвор поради „загрозување на животот на другите”, на повеќе места во Франција, како Пас-де-Кале и Сена-Сен Дени.

Така, едно лице било ставено во полициски притвор во Пас-де-Кале за „загрозување на другите со намерно кршење на мерките за спречување и ограничување на последиците од здравствените закани по здравјето”. Тој бил еден од групата од пет лица кои пиеле алкохол на улиците. Тој веќе беше казнет за немање потврда да се движи. Другите четворица побегнале.

Во Сена Сен Дени во меѓувреме се регистрирани, петнаесетина мерки на полициски притвор од истата причина. Кривичното дело „загрозување на животот на другите” се казнува со една година затвор и парична казна од 15.000 евра.

Во повеќе градови во Франција, властите одличја да ги затворат парковите, за да се избегнат излегувањата и на оние кои трчаат (џогираат), кои се доста бројни и покрај забраната за движење.

Во Ница, градските власти инвестираа во дрон со звучник, кој го надлетува шеталиштето на Англичаните и им наредува на минувачите да останат дома, за да се спречи ширењето на Ковид-19.

Истовремено повеќе плажи на Азурниот брег, Атлантикот и Северното Море се официјално затворени.

Напладне префектурата од Париз издаде предупредување дека се засилени контролите на железничките станици, со потсетување дека заминувањето на одмор не се дел и не се покриени со потврдата со која се одобрува излегување од дома.

Треба да знаете
Последни објави