Search

Во Франција рекордни 13.498 новозаразени со Ковид-19

Франција за последните 24 часа пријави 13.498 нови потврдени случаи на коронавирусот, што е уште еден рекорд во бројот на новозаразени за еден ден.

Вкупниот број на случаи во земјата сега изнесува 442.194, а неделниот просек на нови дневни инфекции се зголеми на повеќе од 9.700, во споредба со најнискиот 272 на крајот на мај, две недели по укинувањето на блокадата во земјата.

Според епидемиолозите, забрзаната циркулација на вирусот и шесткратното зголемување на тестирањето, откако владата го направи бесплатно, се двете главни причини за зголемувањето на бројките.

Бројот на луѓе во Франција кои починаа од Ковид-19 вчера се зголеми за 26, на 31.274 жртви.

Треба да знаете
Последни објави