Search

Во Франција повеќе од 52.000 новозаразени со Ковид-19

Франција објави 52.010 нови случаи на Ковид-19 во неделата, што е најголем број на нови случаи во еден ден од почетокот на пандемијата.

Новиот највисок дневен биланс го надмина бројот на новозаразени, што беше потврдено во саботата – 45.422, и кое во тој момент е најголемо од почетокот на пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Бројот на лица заразени со коронавирусот во Франција се зголеми на 1.138.507, а бројот на смртни случаи на 34.761, откако беа пријавени нови 116 смртни случаи од последиците на Ковид-19 во претходните 24 часа.

Франција во моментов е рангирана на петтото место во светот според бројот на заразени со коронавирус, по САД, Индија, Бразил и Русија, откако потврди поголем број случаи на Ковид-19 од Аргентина и Шпанија.

Треба да знаете
Последни објави