Search

Во Франција времетраењето на карантинот се намалува на 7 дена кај позитивните лица од коронавирусот

Времетраењето на карантинот ќе се намали на 7 дена, „за време на кој постои реален ризик од заразам соопшти францускиот премиер Жан Кастексм јави дописникот на МИА.

-Од суштинско значење е да се почитува оваа изолација, додаде премиерот, велејќи дека ќе има „проверки”. За лица кои биле тестирани позитивни и случаи на контакт, ќе бидат спроведени дополнителни вработувања во рамките на здравствено осигурување и регионалните здравствени агенции за извршување на трагањето”, најави Жан Кастекс.

-Ние мора да успееме да живееме со вирусот, без повторно да влеземе во логика на генерална изолација за сите, рече Кастекс, потенцирајќи го возобновувањето на епидемијата во Франција.

-Нашата стратегија не варира. Борба против вирусот избегнувајќи да го ставаме во мирување нашиот социјален, културен, економски живот, образованието на нашите деца и нашата способност да живееме нормално, додаде тој.

Оливие Веран ќе продолжи со „своите редовни информации”, како што беше случај за време на затворањето и до летото, објави и премиерот. Дотогаш, тој апелира, како и обично, „на чувството на одговорност на секој од Французите”.

-Особено, ги замолувам старите лица да покажуваат најголема претпазливост, рече тој. Пред да заклучи: „уште неколку месеци мора да покажеме континуирана одговорност”.

За луѓето со симптоми, кои биле во контакт со луѓе позитивни на коронавирус или професионално изложени, државата ќе ги „зајакне наменетите центри за тестирање”, најави премиерот. Така, „лабораториите ќе резервираат одредени временски периоди за нив” и шаторите за тестови ќе бидат подигнати за таа цел, поставени во области каде што е најголемата потреба.

Премиерот изрази посебна загриженост за развојот на ситуацијата во Марсеј и Бордо, каде има загрижувачки тренд на контаминација и веќе висока стапка на хоспитализација.

На Советот за одбрана кој се одржа во Елисејската палата, кој беше посветен здравствената криза, била анализирана еволуцијата на епидемиолошката состојба.

-Таа покажува јасна деградација, вирусот циркулира се повеќе во Франција”, додаде премиерот.

Треба да знаете
Последни објави