Search

Во Франција блокирани повеќе од сто училишта

Повеќе од сто средни училишта во Франција беа делумно или целосно блокирани во понеделникот изутрина поради протестите против реформите во образованието и, во некои случаи, за поддршка на движењето на „жолтите елеци”, според првите податоци на тамошното Министерство за образование.

Клучните барања на средношколските синдикати (UNL, SGL, Фиџи, итн.) се однесуваат на реформите во матурата и средните училишта, како и на платформат за пристап до високото образование Parcoursup.

Синдикатот SGL, исто така, изрази „поддршка за мирни ‘жолти елеци’“, и изрази жалење за насилството во текот на викендот.

Со првите податоци, Тулуз и Кретеј беа најмногу погодени од протестот. Во Ница, речиси илјада средношколци протестираа во знак на поддршка на „жолтите елеци”, повикувајќи го Макрон да поднесе оставка.

Еден автомобил беше запален кај средното училиште во Обервилер, оддалечено една метро станица од Париз, каде што се собраа десетици млади луѓе.

Во Париз беа забележани десетици обиди за блокирање, но беа брзо спречени. Ниту една институција не е целосно блокирана.

Неколку илјади млади луѓе протестираа и на улиците на Бордо, Лимож и Пау. Имаше конфликт со полицијата и неколку лица беа уапсени.

Треба да знаете
Последни објави