Search

Во Финска слета авион од Скопје со 24 патници позитивни на Ковид-19

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патници од земји со висок ризик, откако 24 од 157 патници кои пристигнале од Скопје во Финска, биле позитивни на ковид-19, изјави министерката за семејни работи и социјални услуги Криста Киуру, објави Ројтерс.

Министерката изјави дека на аеродромот Турку во Финска во саботата било организирано  тестирање на сите патници кои пристигнале со летот од Скопје, откако властите утврдеиле дека два авионски летови од Северна Македонија и Романија, се главни извори на нови инфекции со коронавирус во Финска.

-Бројот на нови инфекции претежно доаѓа од Балканот, рече Киуру осврнувајќи се на неодамнешниот пораст на инфекции во Финска.

Задолжителниот двонеделен карантин и можниот случаен тест за коронавирус по пристигнувањето во Финска ќе бидат применливи за секој што ќе пристигне од земја со повеќе од 8 до 10 нови случаи на ковид-19 на 100.000 жители во последните 14 дена“, соопштија властите.

Неисполнувањето на двонеделниот карантин ќе биде санкционирано со до три месеци затвор или парична казна.

Правилото важи за повеќе земји, со исклучок на 25 земји како што се Италија, Јапонија, Грција и Норвешка каде бројките на новозаразени остануваат ниски.

Минатата недела, новите инфекции со коронавирус во Финска биле околу 2,3 на 100,000 жители во текот на последните 7 дена, со вкупно 7.601 случаи и 333 смртни случаи.

 

Треба да знаете
Последни објави