Search

Во февруари ЕУ ќе ја претстави новата методологија за проширување

Европската Комисија би требала предлогот за новата методологија во процесот на пристапување кон ЕУ, каде на листата се земјите од Западен Балкан, да го претстави на 5 февруари, дознава српската новинска агенција „Танјуг“ од Брисел.

-Не сакаме да го менуваме проширувањето, туку да го унапредиме процесот, изјави портпаролката на ЕК, Ана Писонеро која вели дека новата методологија ќе биде претставена многу брзо.

Според извори од ЕУ, станува збор за концизен документ со конкретни предлози за модернизација и подобра ефикасност на процесот на пристапување без промена на самата политика за проширувањето на ЕУ, пренесува српската новинска агенција.

Треба да знаете
Последни објави