Search

Во услови на кризата со Ковид-19, инфлацијата во Еврозоната падна на 0,7 отсто

Инфлацијата во еврозоната опадна на 0,7 отсто во март, според официјалната проценка објавена денеска, при што глобалната пандемија на коронавирус влијае на цените на нафтата, јави ДПА.

Цените на енергенсите паднаа за 4,3 отсто во однос на минатата година во март, покажуваат податоците објавени од агенцијата за статистика на Европската унија „Евростат”.

Основната инфлација – лишена од понестабилните елементи како што се енергија, храна, алкохол и тутун – изнесува 1 процент овој месец, според направената проценка.

Деветанесетте држави од Еврозоната имаат цел да ја задржат годишната инфлација на нешто помалку од 2 проценти, согласно примарната цел на Европската централна банка (ЕЦБ) за ценовна стабилност.

Треба да знаете
Последни објави