Search

Во Унгарија усмртени над 50.000 мисирки поради птичји грип

Унгарските власти уништија десетици илјади мисирки како мерка на претпазливост од појава и ширење на птичји грип.

Во една живинарска фарма во местото Акс, 95 километри западно од Будимпешта, биле усмртени 53.500 птици откако кај некои од нив е утврдено дека се заболени од вирусот Х5Н8, соопшти денеска агенцијата за контрола на храна Небих.

Овој тип на грип сè уште не е пренесен на луѓето, па затоа државата ветеринарна агенција нема издадено наредба за целосна изолација на живината.

Треба да знаете
Последни објави