Search

Во Унгарија запленета марихуана вредна 470.000 евра

Унгарски цариници запленија повеќе од 75 килограми марихуана, чија вредност на црниот пазар во Унгарија се проценува на околу 470.000 евра.

Марихуаната била откриена на преминот Реске, унгарско-српската граница, во камионет што го управувал 37-годишен државјанин на Србија, кој е притворен под обвинение за шверц на наркотици.

Цариниците на преминот извршиле детален преглед на празениот камионет, при што во него пронашле сокриени 68 пакети со марихуана.

Треба да знаете
Последни објави