Search

Во Унгарија војници и помагаат на полицијата на јавни места

Унгарските војници од денеска ќе и помагаат на полицијата во извршувањето на своите должности на јавни места и ќе учествуваат во одржување на редот, мирот и јавната безбедност, соопшти Министерството за одбрана.

Државниот секретар Силард Немет на прес-конференција рече дека војниците ќе помогнат да се контролира почитувањето на правилата што се во сила за време на вонредната состојба, вклучително и полицискиот час.

Немет додаде дека армијата ќе ги стави на располагање сите свои капацитети и средства за помош на унгарскиот народ и за одржување на безбедноста и мирот во земјата.

Треба да знаете
Последни објави