Search

Во Украина уапсени неколку лица поради убиство на новинар

Полицијата во Украина денеска уапси неколкумина осомничени за убиство на новинар пред три години.

Новинарот Павел Шеремет, роден во Белорусија, беше убиен на 20 јули 2016 година во центарот на Киев, кога во неговиот автомобил беше подметната бомба.

Украинската полиција не прецизира колку луѓе се приведени.

Андриј Антоненко, ветеран во борбите против проруските сили во источна Украина, на Фејсбук напиша дека тој е еден од уапсените.

Меѓу уапсени е и лекарката Јулија Кузменко

Треба да знаете
Последни објави