Search

Во Украина рекордни 1.592 новозаразени, министерот предупредува дека ситуацијата e напната

Украина забележа рекордно дневно зголемување од 1.592 новозаразени во средата, соопшти Националниот совет за безбедност и одбрана.

Бројот на заразени во земјата нагло се зголеми во последните два месецa, бидејќи властите олеснија некои ограничувања отворајќи ги кафулињата, црквите и јавниот превоз.

Министерот за здравство Максим Степанов ги повика граѓаните да ги почитуваат пошироките ограничувања кои остануваат на сила.

„Јас ќе инсистирам на строго придржување кон сите правила. Ситуацијата е многу напата“, рече Степанов на брифинг за новинарите.

Вкупниот број на регистрирани инфекции во земјата се зголеми на 86.140, вклучувајќи и 1.992 смртни случаи односно 46.216 опоравени до 13 август.

Треба да знаете
Последни објави