Search

Во Украина за две години 175 напади врз новинари

Во Украина во последните две години имаше повеќе од 170 напади врз новинари, изјави денеска претседателот на Украинската национална унија на новинари, Сергеј Томиленко.

– Втора година по ред бележиме високо ниво на агресија против медиумските работници. Според нашите информации, во последните две години се регистрирани 175 случаи на насилство врз новинари, рече Томиленко.

Тој додаде дека во 2018 година имаше 86 такви инциденти, од кои 12 напади се извршени од страна на службени лица, 10 од страна на полицајци, а во повеќето случаи учествувале неидентификувани напаѓачи.

Томиленко констатираше дека само 10 отсто од овие случаи се дадени на суд, а повеќето напаѓачи минуваат неказнето.

Треба да знаете
Последни објави