Search

Во Турција пронајдени смрзнати тела на тројца мигранти

Во западниот дел на Турција, на границата со Грција, биле пронајдени тела на тројца мигранти кои починале како резултат на смрзнување.

Телата на починатите мигранти беа пронајдени одвоено во три села во западната провинција Едрене, објави турската државна агенција Анадолија.

Mигранти се пронајдени смрзнати и нивните тела се испратени до истанбулскиот Институт за судска медицина за да се утврдат точните причини за смртта, додава турската агенција.

Турција е главна рута за бегалците кои се обидуваат да преминат во Европа

Треба да знаете
Последни објави