Search

Во Турција почна судењето на новинарите на „Блумберг“

Денеска во Истанбул почна судскиот процес против двајцата новинари од американската агенција „Блумберг“, кои беа обвинети дека се обидоа да ја „поткопаат економската стабилност на Турција“со приказната за минатогодишната криза на националната валута. Покрај Керим Каракаја и Феркан Јалинкилиќ, обвинети се 36 други лица кои коментирале на социјалните медиуми за приказна напишана во август 2018 година.

Доколку бидат осудени, на двајцата новинари им се заканува казна до пет години затвор. АП наведува дека ова судење е дел од жестоката кампања против новинарите и медиумите во Турција.

Синдикатот на новинари во таа земја наведува дека најмалку 126 новинари или медиумски работници во моментот се наоѓаат во затвор.

Треба да знаете
Последни објави