Search

Во Турција од должност суспендирани 259 градоначалници

Во Турција од должност суспендирани 259 градоначалници

Вкупно 259 градоначалници во Турција се суспендирани од должноста, поради активности насочени против националната безбедност, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи.

Станува збор за градоначалници кои се осомничени дека членувале или биле поврзани со структури, формации или групи, чии активности биле насочени против безбедноста на државата.

Сите градоначалници се отстранети од должноста по наредба на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и нивната суспензија ќе трае се до завршувањето на административните или судските истраги против нив, се истакнува во соопштението.

По неуспешниот преврат во Турција во јули 2016 година, од работа беа отпуштени неколку илјади државни службеници, поради сомнеж за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за пуч.

Покрај за врски со Ѓулен, голем број градоначалници од општините во југоисточниот дел на Турција, каде мнозинството од населението се Курди, се осомничени и за поврзаност со сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.

Следните локални избори во Турција, на кои треба да бидат избрани 1.381 градоначалници и 1.251 провинциски и околу 20.500 општински советници, се предвидени во март 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави