Search

Во Турција издаден налог за апсење на 108 осомничени членови на ФЕТО

Во две одвоени истраги утрово издадени се налози за апсење на 108 лица осомничени за членство во терористичката организација ФЕТО.

Во рамките за истрагата за ФЕТО, Обвинителството во Измир издаде налог за приведување на 51 осомничени, меѓу кои и сменет директор на полицијата, двајца адвокати, петмина полициски службеници и еден универзитетски професор.

Речиси во исто време во Државното обвинителство во Анкара нареди лишување од слобода на 29 осомничени. Тие се товарат дека во 2013 година ги украле прашањата за државниот испит за прием на судии и обвинители и на тој начин овозможиле инфилтрирање на нови терористички елементи во правосудниот систем на Турција.

Додека Обвинителството во Анкара нареди и приведување на уште 28 осомничени за членство во ФЕТО.
Групата ФЕТО, предводена од Фетулах Ѓулен, кој е во егзил во САД, за официјална Анкара е организатор на обидот за воен удар на 15 јули 2016 година, при што загинаа 251 човек, а околу 2.200 беа повредени.

Треба да знаете
Последни објави