Search

Во Турција загубени два милиона работни места поради коронавирусот

Повеќе од два милиона работници во Турција ги загубија своите работни места поради преземените мерки за справување со епидемијата на коронавирусот, соопшти денеска опозициската партија, во услови на воведување построги владини ограничувања за движење на населението.

Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган нареди затворање на продавници, ресторани и други установи, но сè уште не воведе целосен карантин во земјата.

Лидерот на Републиканската народна партија, Кемал Калачдароглу денеска го повтори повикот на неговата партија за пошироки ограничувања на движењето на жителите. Досега се ставени во карантин само граѓани на возраст над 65 години.

– Тие (Владата) треба да започнат кампања за да ги задржат луѓето дома. Оваа кампања има само една работа: невработеност, изјави Калачдароглу за телевизијата Фокс.

Тој рече дека повеќе од два милиона работни места се изгубени за време на епидемијата.

Во Турција повеќе од 350 лица починаа од коронавирус, а вкупниот број заразени е околу 18.000, од кои 60 отсто во Истанбул.

Треба да знаете
Последни објави