Search

Во Тунис уапсен кандидат за претседател

Полицијата во Тунис го уапси кандидатот за претседател во земјата, Набил Каруи под обвинение за финансиска измама, иако од неговата партија „Срцето на Тунис“ тврдат дека станува збор за политички монтиран процес.

Локалните медиуми наведуваат дека тој бил уапсен на патот кон Тунис, пренесе „Ројтерс“.

Судијата определи притвор за 56-годишниот Каруи кој се соочува со обвинувања за затајување на данок и перење пари.

Во јули годинава, судија на претходна постапка одлучи да му се забрани патување во странство поради истрага за наводно перење пари.

Медиумскиот магнат е еден од главните кандидати за претседателските избори кои ќе се одржат на 15 септември.

Треба да знаете
Последни објави