Search

Во три напади загинаа најмалку 22 припадници на авганистанските безбедносни сили

Најмалку 22 припадници на авганистанските сили за безбедност беа убиени при три напади.

Четворица офицери на разузнавањето загинаа во самоубиствен бомбашки напад во западниот дел на Кабул. Нападот беше извршен во округот Пагман, едно од неколкуте побезбедни места во регионот на главниот град.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Десет авганистански полицајци беа убиени при нападот на талибанците врз контролен пункт во северната провинција Кундуз. Најмалку 11 лица беа повредени во нападот, што траеше три часа.

Осум полицајци загинаа во сличен напад на талибанците во јужната провинција Кандахар.Нападот бил изеден во релативно мирниот округ Аргистан.
Единаесет од напаѓачите беа ликвидирани.

При вчерашните напади на талибанците загинаа 32 претставници на авганистанските безбедносни сили.

Во последниве месеци, исламистичките бунтовници ги засилија нападите врз властите

Треба да знаете
Последни објави