Search

Во Техеран уапсени пет лица поради продавање на лажни вакцини против ковид19

Полицијата во главниот град на Иран, Техеран уапсила пет лица под обвинение дека продавале лажна вакцина против коронавирусот, пренесе агенцијата „Анадолу“.

Според иранската информативна агенција ИСНА, началникот на полицијата на западен Техеран Мухсин ханерли потврдил дека била разбиена криминална група која продавала лажни вакцини против ковид 10. Во полициската акција биле уапсени пет лица.

Началинот на полицијата изјавил дека уапсените ја продавале вакцината под името „Ремдесивири“ и секоја ја наплатувала по 2000 долари. Според неговиот извештај оваа криминална група пред да биде уапсена во техеран продала 52 лажни вакцини.

Треба да знаете
Последни објави