Search

Во тетовска Брвеница пожар во објект на земјоделска задруга

Тетовските пожарникари неколку часа се борат со пожарот што попладнево избувна во објект на земојделска задруга во село Брвеница.

Според првичните и неофицијални информации еден пожарникар има лесна повреда на лицето, а од огнот покрај објектот, изгорени се илјадници бали слама и механизација.

-Пожар во објект на земјоделската задруга е пријавен во СВР Тетово во 16 часот. Првично нема информации за повредени лица. Изгорена е поголема количина кабаста добиточна храна и дрвени предмети за складирање овошје. Пожарот се уште не е локализиран, информираат од тетовската полиција.

Увид од страна на полицијата ќе биде извршен дури по целосно гаснење и локализирање на пожарот.

Треба да знаете
Последни објави