Search

Во Тел Авив се подигаат шатори за туристите на „Евросонгoт“

Градските власти објавија дека на туристите на Евросонгот ќе им понудат кампување, но исто така и полуксузна варијанта. Таканаречениот „Град на шатори” ќе биде подигнат во паркот Јаркон, недалеку од салата каде што ќе се одржува Евросонг, и ќе ги имаат сите потребни објекти кои обично го следат кампувањето.

Се очекува дека европскиот ТВ-натпревар во пеење ќе привлече најмалку 10.000 странски туристи во Тел Авив, град со повеќе од 400.000 жители. Градоначалникот Рон Хулдаи (74) дека цените за кампување ќе бидат прифатливи, но не спомна конкретни бројки. Ова сигурно ќе биде добра опција за дел од туристите, бидејќи цените на хотелското сместување во Тел Авив се особено високи за време на одржување на Евросонгот. Израелската пејачка Нета Барзилаи (26) победи минатата година на Евровизија во Лисабон и на тој начин му овозможи на Израел да биде домаќин оваа година. Многу меѓународни културни работници ја критикуваа одлуката да се дозволи Израел да го организира Евросонгот и повикуваат да се бојкотира настанот, обвинувајќи ја израелската влада за систематско кршење на човековите права на Палестинците.

Треба да знаете
Последни објави