Search

Во тек се сериозни разговори за обезбедување стабилно парламентарно мнозинство и кадри посветени на остварување на принципите на кои ќе функционира новата влада

СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат. Новата влада ќе работи на уште поголема грижа за сите, на јакнење на економскиот стандард, на прочистување на правосудството и обезбедување силна правна држава и владеење на правото. Новото парламентарно мнозинство ќе обезбеди стабилна Влада која движи брзо напред по европскиот пат, Влада посветена на економијата, правдата и борбата со Ковид-19. Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот.
Како одговорна партија СДСМ води разговори за пронаоѓање на одговорни кадровски решенија кои се способни посветено и одговорно да работат на остварување на овие принципи кои се во интерес на граѓаните и државата.
Треба да знаете
Последни објави