Search

Во тек е реализација на втората фаза од проектот за гасификација на општина Илинден

Во рамките на проектот Воспоставување гасификациски систем, воведување гасификација на стопанските објекти, во општина Илинден во тек е реализацијата на втората фаза од овој проект во должина од 3.500 метри, од локалната економска зона Марино-Кадино до локалната економска зона Ограѓа. Гасификацијата на општина Илинден како капитален проект е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, соопштија од Општината.

Оттаму посочуваат дека веќе е завршена првата фаза од проектот, односно изградбата на гасовод „Приклучна делница 17б” во должина од 2.400 метри од Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) до локалната економска зона Марино-Кадино.

– Градоначалникот Жика Стјановски кој на самото место се запозна со текот на градежните активности истакна дека реализацијата на овој проект има за цел воведување на инсталации за стопански објекти во локалните економски зони во општината со цел да се овозможи користење на гасот како енергетски ресурс. Тој додаде дека гасификацијата ќе донесе намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетните гасови во воздухот, стои во соопштението.

Според експертите од областа на енергетската ефикасност, додаваат од Општината, употребата на гасот ќе придонесе за многу почист воздух и дека не постои друга алтернатива.

– Затоа, веројатно многу брзо, покрај компаниите благодетите од овој енергенс ќе можат да ги почувствуваат и домаќинствата, наведуваат во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави