Search

Во текот на вчерашниот ден на грчките острови пристигнале речиси 800 бегалци и мигранти

За само еден ден, вчера, на грчките острови во Егејското Море, што се наоѓаат во близина на турското крајбрежје, пристигнале 791 бегалец и мигрант според официјалните податоци од грчката влада, јави дописничката на МИА од Атина. Најголем број од пристигнувањата се на Лезбос -244, а на островот Самос вчера биле регистрирани, 226 нови бегалци и мигранти.

Заклучно со 17 септември, според официјалните податоци, во прифатните центри за бегалци и мигранти на грчките острови сместени се вкупно 27211 лица, од кои 13181 на Лезбос, а 5425 на островот Самос. Од почетокот на месецов до вчера, бројот на пристигнувања на островите достигнува до 5306 бгеалци и мигранти. Според седмичниот извештај на УНХЦР-Грција, во периодот од 9 до 15 септември, на островите во Егејското Море пристигнале 1745 лица, бројка помала споредбено со една седмица претходно, но поголема од истиот период лани.

Треба да знаете
Последни објави