Search

Во Танзанија 11 лица осудени на смрт за убиство на активист за диви животни

Високиот суд во Танзанија денеска осуди 11 лица на смрт за убиството на Вејн Лотер од Јужна Африка, активист кој се борел за зачувување на дивечот, односно против ловокрадството.
Лотер беше застрелан во август 2017 година додека се возеше во такси во танзанскиот град Дар ес Салам.
Меѓу осудените на смрт има девет Танзанијци и двајца државјани на Бурунди.
Танзанија не ја спроведува смртната казна со децении, а Лотер беше директор и ко-основач на невладина организација која помогна во обуката на илјадници чувари на дивеч низ Танзанија и разви пристап заснован на разузнавање на податоци во борбата против ловокрадството.
Ловокрадците во Танзанија се многу активни, често напаѓајќи ги слоновите, кои ги убиваат поради нивните заби.
Треба да знаете
Последни објави